Новелата „Вештерката Лоис“ од Елизабет Гаскел е преведена на македонски јазик

Во издание на „ПНВ Публикации“ објавена е новелата „Вештерката Лоис“ од Елизабет Гаскел, во превод од англиски јазик на Даниела Спироска. Мрачната новела на Елизабет Гаскел, сместена во времето на ловот на вештерки во Салем, разгатнува многу за човечкото соучесништво во злосторства.

Останувајќи без родители, Лоис е принудена да ја напушти англиската парохија што ѝ била дом и да отплови за Америка. Богобојазливата и чесна девојка, се чини нема од што да се плаши во новиот живот. Сепак, откако станува член на нејзиното далечно семејство, таа открива дека љубомората и неслогата се постојано присутни, а нејзините братучеди се склони да покажуваат со прстот кон „натрапникот“.

Бидејќи сиот Салем е зафатен од страв од натприродното, токму нејзиниот нов дом е местото каде што таа е во најголема опасност. Лоис е осамена и исплашена, а зборовите на една стара клетва се враќаат да ја прогонуваат…

Елизабет Гаскел (1810 ‒ 1865) била англиска романсиерка, биографка и авторка на кратки раскази. Таа била соработничка и пријателка со Чарлс Дикенс и Вилки Колинс, и е една од водечките фигури во викторијанската литература.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 121, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 19-20 март 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот