Крими-романот „Кобајаши Мару“ е петтата книга на Анде Јанков

„Кобајаши Мару“ на Анде Јанков

Новата книга од серијата криминалистички романи на авторот Анде Јанков со наслов „Кобајаши Мару“ беше промовирана на неодамнешниот Саем на книга во Скопје. Станува збор за петти роман на Јанков, а четврти од серијалот за инспекторот Виктор Николов.

– Под влијание на лепеза светски книжевници, почнувајќи од Ју Несбе, преку асимилација на интуитивниот дијалог на Венко Андоновски и од футуристичката логика на Орвел, но и пункција на луцидноста од античката фокализација, авторот го развива дејството како во темна комора, дел по дел, сѐ додека не ја индуцира целата слика при климаксот на романот – посочува рецензентката Јована Матевска Атанасова.

Серијалот за инспекторот Виктор Николов почна со романот „Виенски гамбит“, продолжи со „Сигурен ризик“ и „Само Бог простува“ и стигна до „Кобајаши Мару“. Сите романи се објавени од „Антолог“.

Авторот Анде Јанков е роден во Велес. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје во 2013 година, но книжевноста отсекогаш му била блиска, а се фокусира во областа на криминалистичките трилери.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 228, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 27-28.4.2024)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот