Новата студија за ковид носи шокантни резултати: Вирусот го напаѓа овој орган, последиците можат да бидат фатални

Германија ковид-19 коронавирус
Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Вирусот ковид-19 го напаѓа секој различно, во тоа се уверувме во голем број различни примери. Истото важи и за последиците што ги остава овој вирус. Научниците се согласуваат дека коронавирусот влијае на белите дробови, но неодамна открија дека последиците можат да бидат фатални за бубрезите.

Научници од германска клиника и холандски експерти од Универзитетскиот медицински центар „Радбауд“ открија дека вирусот SARS-CoVa-2 ги инфицира бубрезите, што доведува до трајно оштетување на ткивото, се вели во студијата објавена во списанието „Cell Stem Cell“, пренесува „Science Direct“. Ова истражување покажало дека ваквата последица може сериозно да го искомплицира здравјето на луѓето, а може да предизвика и трајно оштетување на бубрезите.

Во оваа студија учествувале 62 луѓе чии бубрежни ткива биле подложени на биопсија. Потоа било утврдено дека бубрежното ткиво на пациентите заболени од коронавирус имало неколку лузни, што ги навело научниците до заклучок дека вирусот некако стасува и до бубрезите – поради што направиле уште едно дополнително истражување.

Научниците одгледувале мини бубрези во лабораторија (ги нарекувале органоиди) и ги заразиле со коронавирус, за да видат што се случува во клетките на вештачки формираните бубрези. Откриле дека причината за лузните, кои ги забележале кај пациенти заразени со коронавирусот, бил токму самиот вирус, а не други фактори, пишува „Нет.хр“.

Ова истражување е голем чекор напред во научните кругови кои работат на што подобро „запознавање“ на овој опасен вирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот