Фото: EPA/Tamas Purger HUNGARY OUT

Новата шефица на унгарската дипломатија, Анита Орбан, вети дека Будимпешта веќе нема да го злоупотребува ЕУ-ветото

Новата унгарска министерка за надворешни работи, Анита Орбан, порача дека Унгарија нема да испраќа оружје во Киев и ќе бара гаранции за правата на унгарското малцинство.

Будимпешта ќе престане да го злоупотребува правото на вето во ЕУ и повторно ќе стане сигурен и предвидлив партнер, изјави денеска новата унгарска министерка за надворешни работи, Анита Орбан.

Унгарија премногу често го користела ветото „како политички театар“, рече Орбан, која не е во роднинска врска со поранешниот премиер Виктор Орбан, за време на сослушување за потврдување на функцијата во унгарскиот парламент.

Виктор Орбан, поранешниот унгарски премиер наклонет кон Кремљ, честопати го користеше правото на вето за да ја блокира или да ја одложи помошта за Украина и санкциите против Русија, што предизвика јаз меѓу Будимпешта и остатокот од европскиот блок.

Приоритет на новата унгарска влада е да ја врати довербата кај партнерите во ЕУ и НАТО и да помогне во одблокирање на 17 милијарди евра, односно 20 милијарди долари, замрзнати поради споровите околу владеењето на правото, рече идната министерка.

Петер Маѓар даде заклетва како премиер на Унгарија — по 12 години на парламентот повторно се вее знамето на ЕУ

Иако најавува поинаков пристап кон ЕУ, сепак, новата унгарска влада тврди дека нема целосно да се откаже од ветото кога ќе оцени дека се загрозени унгарските интереси.

Премиерот Петер Маѓар ветува обновување на односите со Брисел и намалување на зависноста од руска енергија, но Будимпешта останува воздржана кон воената поддршка за Украина.

Анита Орбан порача дека Унгарија нема да испраќа оружје во Киев и ќе бара гаранции за правата на унгарското малцинство.

Украина, пак, најавува пакет предлози за надминување на спорот и деблокирање на пристапните преговори со ЕУ.

Орбан со порака до новата власт: Ако не се борите за Унгарија, бриселските бирократи ќе ве прегазат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот