Новаковски: Кризата нема да се реши до четврток, ќе мора посредници да ги седнат лидерите на маса

Александар Новаковски / Утрински брифинг

Поранешниот генерален секретар во Собранието, Александар Новаковски, смета дека во четврток само еден пратеник може да одлучи.

-Целово тактизирање на сите е на штета на граѓаните и за мене е нелогично и непријатно, барем досега имавме ситијација. Кога веќе се поднесува оставка од функцијата премиер или претседател на партија, мислам дека можеше да се договорат идните чекори, како до излез од кризата. Сметам дека до четврток разрешница ќе нема. Ако се оди на тактизирање, тогаш може да дојде во ситуација кога ќе мора некој да ги седне лидерите на маса, иако дегутантно е да се зборува за посредување за да се реши проблемот. Не очекувам расплет и формирање на нова влада нема да оди лесно, рече Новаковски во вечерашното гостување на телевизија Телма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот