Фото: EPA/JAMES ROSS

Новак Ѓоковиќ без борба во четвртфиналето на Австралија опен

Новак Ѓоковиќ се пласираше директно во четвртфиналето на Отвореното првенство на Австралија, откако неговиот противник во осминафиналето, Јакуб Меншик (Чешка), го предаде мечот без борба.

Меншик одлучи да се повлече од турнирот поради повреда, што го објави преку својот Инстаграм профил:

– Тешко е да се напише ова. Откако направивме сè што можевме за да продолжиме понатаму, морам да се повлечам од Австралија Опен поради повреда на стомачниот мускул која се влошуваше во последните неколку мечеви. По долги разговори со мојот тим и лекарите, донесовме одлука да не играм. Иако сум разочаран, стигнувањето до четвртото коло тука за прв пат е нешто што ќе го носам со себе долго време. Ја почувствував огромната енергија на публиката, а атмосферата во Мелбурн беше навистина посебна. Ви благодарам на мојот тим што беше со мене на секој чекор од патот и на сите што испраќаа пораки и ме бодреа – тоа значи повеќе отколку што можете да замислите. Сега е време да се опоравам правилно – стои во објавата на Меншик.

Меншик претставуваше сериозен предизвик за Ѓоковиќ, откако го победи на Мастерс турнирот во Мајами минатата година.

Српскиот тенисер ќе има пауза од дури четири дена и го чека победникот од мечот помеѓу деветтиот и петтиот носител, Лоренцо Музети (Италија) и Тејлор Фриц (САД).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот