Нова трагедија на скопските улици, возач со „Ауди“ прегази пешак во Ѓорче Петров

Полиција - пункт / фото: EPA/EFE. Georgi Licovski

Човек загина вечерва кај општината Ѓорче Петров, откако во него удрил автомобил, соопштија од МВР за МИА.

– Пријавено е дека кај Општина Ѓорче Петров, патничко моторно возило „Ауди” удрило пешак. Пешакот починал, велат од МВР.

Нивна екипа е упатена на лице место. Засега нема информации за возраста на загинатиот, како ни за околностите под кои се случила несреќата. МВР најави дека откако ќе заврши увидот, ќе соопшти официјална информација.

Со своја реакција во врска со случајот, вечерва се огласи градочалникот на оваа скопска општина, Александар Стојкоски.

– Сочувство до семејството на загинатиот пешак. Улиците треба да се безбедни за сите, од деца до највозрасни. Сите имаме своја улога во сообраќајот, внимателноста е најважна, напиша Стојкоски на фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот