Нова студија открива: Луѓето ќе исчезнеле пред околу милион години

Фото: frantic / Alamy / Alamy / Profimedia

Луѓето речиси ќе исчезнеле како вид, пред околу милион години, кога целата човечка популација броела само 1.300 единки во текот на повеќе од 100.000 години, пишува „Лајв саенс“ („Live science“).

Според новата студија објавена во списанието „Саенс“, се вели дека ова истребување одиграло голема улога во еволуцијата на современите луѓе и нивните најблиски исчезнати роднини како неандерталците и мистериозните денисовци.

Научниците објаснуваат дека, денес на планетата живеат повеќе од 8 милијарди луѓе, доминираме на Земјата и нашите активности се одговорни за истребување на многу други видови. Меѓутоа, доколку се погледне светот пред 800.000 и 900.000 години, сликата би била сосема поинаква.

Научникот Вангџи Ху и неговиот тим користеле нов развиен модел, за да ја проценат големината на човечката популација, со преку повеќе од 3.000 геноми на денешните луѓе. Моделот забележал драстичен пад на популацијата на нашите предци од 100.000 на околу 1.000 единки, што траело во период од 100.000 години.

Научниците нагласија дека драстичниот пад на населението се случил со наглото ладење и појавата на глечери, падот на температурата во океаните и веројатно долгите суши во Африка и Евроазија.

За да дознаат повеќе за периодот пред современите луѓе, научниците ги испитувале геномите на повеќе од 3.150 денешни луѓе од 10 африкански земји и 40 земји надвор од Африка. Новата аналитичка алатка ја проценила големината на групата на нашите предци, гледајќи ја различноста на генетските секвенци на денешните луѓе.

Добиените податоци укажуваат дека во периодот меѓу 813.000 и 930.000 години, човечката популација доживеала таканаречено „тесно грло“, односно нагло опаѓање на населението за цели 98,7 отсто.

„Ако нашиот последен заеднички предок живеел во времето на „тесното грло“ или кратко потоа, падот на населението би можел да одигра улога во поделбата на луѓето во тоа време на современи луѓе, неандерталци и денисовци. Можно е баш поради тоа, да дошло до поделувањето на луѓето во мали групи, а потоа, со текот на времето, разликите меѓу тие групи станале толку големи што еволуирале во три вида“, објаснил Крис Стрингер, палеонтолог.

Според студијата, на научниците сè уште не им е познато како точно овие климатски промени влијаеле на луѓето, бидејќи има релативно малку фосили од тоа време, а бројот на човечките предци бил мал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот