Нова љубов: Дуа Липа и Тревор Ноа „фатени“ на романтична вечера

дуа липа
Дуа Липа и Тревор Ноа / Фото: Принтскрин/Твитер

Познатата пејачка Дуа Липа изгледа е повторно вљубена. Овој пат се шпекулира дека избраникот на нејзиното срце е јужноафриканскиот комичар и водител на „The Daily Show“ Тревор Ноа.

27-годишната Дуа и 38-годишниот Тревор биле видени на заедничка вечера во ресторан во Њујорк, а очевидците тврдат дека се чувствувала хемијата меѓу нив. Биле видени и како се гушкаат еден со друг пред секој да тргне по својот пат.

„Тивко седеа подалеку од сите други во ресторанот. Јасно беше дека се заљубени еден во друг и седеа блиску еден до друг за време на вечерата. Заедно отидоа на прошетка, се гушкаа долго и се бакнуваа“, изјави извор за „Daily Mail“.

Идната славната двојка претходно не даваше никакви навестувања за нивната романтична врска, ова доаѓа откако и двајцата излегоа од љубовни врски.

Дуа беше со моделот Анвар Хадид, помладиот брат на Бела и Џиџи Хадид. Двајцата почнаа да се забавуваат во јуни 2019 година, набргу откако таа раскина со своето претходно момче. Сепак, тие се разделија во декември минатата година. Пред тоа, таа беше во врска со моделот Исак Керју, а беа заедно од 2015 до 2017 година. Потоа се забавуваше со Пол Клајн, за повторно да се врати на Керју, но последен пат се разделија во мај 2019 година. Тревор беше во врска со актерката Минка Кели, а нивната врска имаше подеми и падови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот