Нов закон – Отсега ѕвездите ќе мораат да ги обележуваат фотошопираните фотографии
Обработените фотографии на мрежите ја „потпалуваат менталната здравствена криза“ и создаваат лажна слика за убавината.
Препорачано
Се чини дека обработувањето на фотографиите на социјалните мрежи отиде предалеку, што е вистина, а што е реалност повеќе никој не знае, а тоа најмногу влијае на психата на младите, кои поведени од „совршенството“ на интернет, го бараат истото тоа и во реалниот живот, иако таква работа не постои.

Поради тоа парламентарците во Велика Британија сакаат да им забранат на ѕвездите во тајност да ги обработуваат фотографиите со „Photoshop“ со цел да го променат својот изглед, а потоа да ги објават на социјалните мрежи.

Претставникот на конзерватнивната партија во британскиот парламент, Лук Еванс го претстави вчера предлог законот, според кој секоја позната личност ќе мора да ги обележи фотографиите кои дополнително се обработувани.

Еванс, кој е член и на одборот за здравствена и социјална грижа, изјави дека обработените фотографии на мрежите ја „потпалуваат менталната здравствена криза“ и создаваат лажна слика за убавината.


Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
5час
-
5час
-
6час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


