Нов интересен детаљ за прочуената тијара која принцезата Беатрис ја носеше на својата венчавка: Една во милион! (ФОТО)

профимедиа

Британското кралско семејство ја изненади неодамна јавноста со веста за тајната венчавка на принцезата Беатрис од Јорк, а само неколку фотографии кои имавме можност да ги видиме сведочат дека се се одвивало во духот на традицијата.

профимедиа/инстаграм

Британската принцеза и е една од омилените внуки на кралицата Елизабета Втора, го изговори судбоносното „ДА“ заедно со италијанскиот претприемач Едуардо Мапели Моци на интимна церемонија во дворецот Виндзор, откако нивната гламурозна венчавка закажана за 29 мај беше откажана поради пандемијата.

Сепак, ниту со оваа венчавка не недостигаа елеганцијата и луксузот, а Беатрис од Јорк ги изненади сите кога наместо скапоцена венчаница од престижен дизајнер, одбра винтиџ фустан, ни помалку ни повеќе – моделот кој нејзината баба Елизабета го носела во две специјални прилики.

Интерес кај јавноста предизвика и нејзината тијара која исто така крие интересна приказна. Всушност, таа припаѓала на кралицата Мери која во 1919 година од прочуената лондонска куќа за накит „Џерард“, барала од нејзините омилени ланчиња да се направи тијара.

Ова парче накит имало посебно значење бидејќи како подарок го добила од кралицата Викторија. Така настанала единствената и интересна дијамантска тијара од 47 ребрасти делови, на чиј изглед влијаел рускиот дизајнер кој дал се од себе да таа има облик на круна каква што носеле жените во рускиот кралски дворец. Оваа тијара ја носеле пет генерации на жени во кралското семејство, а последна пред Беатрис била Елизабета која ја носела оваа тијара дури и на венчавката со нејзиниот сопруг Филип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот