Џакарта, Индонезија /Фото: EPA-EFE/MAST IRHAM

Нов град сега е најнаселен во светот – има повеќе жители од цела Полска

Девет од десетте најнаселени градови во светот се во Азија, покажува нов извештај на Обединетите нации

Главниот град на Бангладеш, Дака, повеќе не е најнаселениот град во светот – на негово место, на чело на листата на метрополи со најголемо население сега е престолнината на Индонезија, Џакарта, која има неверојатни 42 милиони жители – повеќе од вкупната популација на Полска (38 милиони) и речиси колку вкупното население на Шпанија (46 милиони), пишува Ен-би-си њуз.

Експертите сепак очекуваат Дака, која сега има 36,6 милиони жители, да стане најголем светски град според населението до средината на веков.

Проценката е дека во Џакарта во моментов живеат 41,8 милиони жители. Градот молскавично се искачи на врвот на листата за само седум години, откако на претходното рангирање во 2018 година, Џакарта беше на 33-тото место, а тогаш на врвот беше Токио, кој сега е на третото место со 33,4 милиони луѓе.

Речиси половина од 8,2 милијарди луѓе на планетата живеат во градови, вели новиот извештај на Обединетите нации „Перспективи за светска урбанизација 2025“, што значи дека бројот на жители во урбаните средини се зголемил двојно во изминатите 75 години.

Девет од десетте најнаселени градови во светот се од Азија. Единствениот исклучок е во Африка – Каиро, главниот град на Египет, каде живеат околу 25 милиони жители.

Листа на најнаселените градови во светот:

Џакарта (Индонезија) – 41,9 милиони
Дака (Бангладеш) – 36,6 милиони
Токио (Јапонија) – 33,4 милиони
Њу Делхи (Индија) – 30,2 милиони
Шангај (Кина) – 29,6 милиони
Гуангжу (Кина) – 27,6 милиони
Каиро (Египет) – 25,6 милиони
Манила (Филипини) – 24,7 милиони
Калкута (Индија) – 22,5 милиони
Сеул (Јужна Кореја) – 22,5 милиони

Џакарта забрани продажба и консумирање месо од кучиња и мачки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот