Нов директор на Челси ќе биде човекот што ги откри Халанд и Мане

Фото: EPA-EFE/ANDREAS SCHAAD

Англискиот премиерлигаш е многу блиску до ангажирање нов спортски директор и тоа треба да биде еден од најценетите фудбалски оперативци во Европа.

Нов директор на Челси треба да биде актуелниот спортски директор на австрискиот шампион Салцбург, Кристоф Фројнд, човекот што откри едни од најголемите фудбалски бисери во последната деценија.

Тој е клучен човек во неверојатниот подем на Салцбург и прво беше спортски координатор, а во последните седум години по заминувањето на Ралф Рангник од тимот, ја извршува функцијата спортски директор.

Фројнд и неговите скаути „открија“ фудбалери како Ерлинг Халанд, Садио Мане, Дајот Упамекано, Наби Кеита.

Новиот сопственик на Челси Тод Боли и неговите партнери со ангажманот на Фројнд продолжуваат да ги чистат луѓето поставени од поранешниот сопственик Роман Абрамович. Досега Челси го напуштија Петр Чех и директорит Марина Грановскаја и Брус Бак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот