фото: EPA/MATS TORBERGSEN

Норвешкиот Бодо Глимт пред историска шанса во Лигата на шампионите

Фудбалерите на норвешкиот шампион Бодо Глимт по трет пат во последните четири сезони се во плејофот за Лигата на шампионите.

Денеска пред своите навивачи убедливо со 5:0 го совладаа Штурм и доколку го елиминираат австрискиот првак ќе испишат историја за прв пат пласирајќи се во елитата на ЛШ.

Во сезоната 2022/23 во плејофот за ЛШ загубија од Динамо Загреб, а во сезоната 2024/25 во истата фаза беа елиминирани од Црвена звезда. Минатата сезона стигнаа до полуфиналето во Лигата на Европа во кое беа поразени од Тотенхем.

Во денешната победа над Штурм по еднаш во листата на стрелците се запишаа Хог во седмата, Бјортуфт во 10, Салтнес во 25 и Евјен во 54 минута, а автогол во 79 минута си постигна Бовинг.

Немаше голови на натпреварите Селтик – Каират Алмати и Фенербахче – Бенфика, а мечот Базел – ФК Копенхаген заврши со резултат 1:1.

Швајцарците поведоа во 14 минута од пенал кој го реализираше Шаќири, а непосредно пред крајот на првото полувреме израмнија Данците преку Габриел Переира (45+3`) по асистенцијата на Лопез.

Од 82 минута домаќините играа со еден фудбалер помалку поради двата жолти картони на Аџетеј, но ваквата предност на теренот не ја искористи гостинот до крајот на натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот