Норвешка ја одбележа десетгодишнината од убиството на десетици млади луѓе

Норвешка денеска ја одбележа десетгодишнината од масакрот врз десетици млади луѓе извршени од десничарскиот екстремист Андерс Беринг Брејвик.

На годишнината од најголемиот масакр во Норвешка, ѕвонеа камбаните во црквите низ целата земја, а водачите повикаа на борба против екстремизмот.

На 22 јули 2011 година, Брејвик прво активираше бомба во Осло и уби осум лица, а потоа уби 69 млади луѓе, претежно тинејџери, учесници во младинскиот камп на Лабуристичката партија на малиот остров Утоја.

Комеморативни митинзи се одржаа денес низ Норвешка. Илјадници излегоа на улиците да им оддадат почит на жртвите.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој беше премиер на Норвешка за време на нападот во 2011 година, им рече на собраните во катедралата во Осло дека „пред десет години, на омразата беше одговорено со љубов, но дека омразата е сè уште присутна“.

– Напаѓачот беше десен екстремист. Тој злоупотребуваше христијански симболи. Тој израсна на нашите улици, припаѓаше на истата религија и имаше иста боја на кожа како и повеќето во оваа земја. Тој беше еден од нас. Но, тој не е еден од нас што ја почитува демократијата. Тој е еден од оние кои веруваат дека имаат право да убиваат за политички цели, рече Столтенберг.

Младите кои го преживеаја нападот на островот Утоја ги прочитаа имињата на жртвите, кои многу луѓе ги гледаа на телевизија.

Лидерот на лабуристите Астрид Хоем, кој го преживеа нападот, рече дека „тие не ја запреа омразата“ и ја повика Норвешка да продолжи со борбата против расизмот во земјата.

Норвешкиот премиер Ерна Солберг рече дека „политички мотивиран терористички напад врз идеите на Лабуристичката партија е напад врз норвешката демократија“ и додаде дека „омразата не смее да остане без одговор“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот