Норт Вест - Фото: Принтскрин/ Тикток

Норт Вест одговори на критиките поради пирсингот: „Колку години имаш? Само смири се“

Дванаесетгодишната Норт Вест, ќерката на Ким Кардашијан, решила да одговори на негативните коментари кои ги добила поради пирсингот на прстот. Својот одговор го објавила на Тикток, платформата која ја користи заедно со нејзината позната мајка, откако контроверзниот накит првпат го покажала уште летото.

@kimandnorth🎋♬ original sound – stunnas.starr

Да потсетиме, Норт уште во август, за време на патување во Италија со мајка ѝ, покажала нешто што изгледало како пирсинг вграден во кожата на десната рака — две мали сребрени топчиња под зглобот на средниот прст. Во својот најнов видео на Тикток, Норт снимила кратко селфи додека во позадина свирела снимка со порака: „Зошто плачеш? Колку години имаш? Само смири се.“ Покрај видеото додала и текст: „Ова е за сите кои се лути поради пирсингот на прстот.“

Овој потег предизвикал лавина коментари, а слично беше и кога во октомври имаше лажни тетоважи на лицето и накит за заби, познат како „грили“. Фановите имале поделено мислење. Додека некои сметале дека пирсингот е „ситница“, други изразиле загриженост.

„Точно има 12 години, тоа е дете и прилично трајна одлука“, гласел еден од коментарите.

Во октомври, Норт објавила серија видеа со сини плетенки, црн накит за заби, лажен пирсинг на носот и тетоважи на лицето. „Лажни пирсинзи и лажни тетоважи за цел живот“, напишала таа тогаш во описот. Иако некои претпоставиле дека се работи за костим за Ноќта на вештерките, многумина ја критикувале поради „возрасниот“ изглед.

„Би сакале вашата ќерка да оди вака наоколу?!“, прашал еден корисник.

Ким Кардашијан брзо реагирала на критиките. На Тикток видеото на кое се пренесувале критиките, таа оставила коментар: „Ова е ситница.“ Меѓутоа, подоцна открила дека пораката всушност ја напишала самата Норт, користејќи го телефонот на мајка ѝ.

„Го зема мојот телефон и одговара на коментарите. Потоа на интернет пишуваше: ‘Ким ја брани Норт до крај поради овој изглед.’ Тоа е добар одговорен потег“, раскажала Ким.

Во гостување на Јутјуб серијалот „GOAT Talk“, Ким Кардашијан објаснила дека целиот изглед на Норт бил само костим.

„Не разбирам. Тоа е костим за Ноќта на вештерките. Сè е лажно’“, ги пренела Ким зборовите на својата ќерка.

Додала дека Норт и нејзините пријателки се маскирале во стилот „Powerpuff Girls“. Критиките на интернет ги нарекла „вознемирувачки“ и „ужасни“, нагласувајќи дека Норт сите објави на Тикток ги прави преку нејзиниот телефон и со нејзино одобрување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот