Норис ја презеде „единицата“ од Макс, Ферстапен со нов број
Традиционална промена по смената на шампионот
Препорачано
По четири години доминација на Холанѓанецот Макс Ферстапен, нов шампион во Формула 1 е Британецот Ландо Норис.
Возачот на Мекларен во драматичната завршница на неодамна завршениот шампионат стигна до својата прва титула во кариерата, со само два бода повеќе од Ферстапен.
Како актуелен светски шампион, Ландо Норис во следната сезона ќе го носи бројот 1 на својот болиду – број што традиционално му припаѓа на бранителот на титулата. Досега Британецот настапуваше со бројот 4.
Од другата страна, Макс Ферстапен по губењето на „единицата“ се одлучи за бројот 3. За Холанѓанецот тројката има посебно значење и се смета за негов среќен број.
Пред да ја освои својата прва титула во Формула 1, Ферстапен возеше со бројот 33, кој исто така останува еден од симболите на неговиот подем во најбрзиот циркус.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
2час
-
4час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


