„Ноншалантно ти плукаат во лице“: Анѓелка Прпиќ искрено за распадот на бракот со Дарио

Анѓелка Стевиќ Жугиќ / Фото: Instagram / andjelkap

Анѓелка Стевиќ Жугиќ (поранешна Прпиќ) беше во брак со Дарио Прпиќ, со кој го има синот Јакша, а по разводот актерката повторно се омажи и тоа за добриот пријател и кум на нејзиниот сопруг.

Откако се дозна за разводот во јавноста постојано се зборуваше за нејзината врска со поранешниот сопруг, како и дека се омажила за нивниот кум Марко Жугиќ. Додека скандалот беше тема во сите балкански медиуми, Анѓелка мудро молчеше и избегнуваше да зборува за тоа, пишува „Блиц“.

Таа во интервју за емисијата „Културно“ искрено проговори за распадот на бракот со Дарио и сите предизвици со кои се соочила тој период.

„Се сеќавам кога се разведов, луѓето те сожалуваат попатно, а потоа од тебе очекуваат дека, ако не изгледаш како да ти е најдобриот момент во животот – тогаш зашто воопшто се разведував. Како да немам право свој момент на затворање во себе. Треба да го најдеш своето ново јас, што и да е – изглед, начин, глас… Дали сакам да одам по кафеани или сакам да седам дома, да читам книга тоа е моја работа… Страшно. Луѓето лесно етикетираат. Луѓето сакаат да кажат што им падне на ум без да размислат дали личноста спроти нив, онака ноншалантно да ти плукнат во лице. Ја апсорбирам туѓата енергија, расположение“, изјавила Анѓелка во емисијата „Културно“.

Актерката неодамна зборуваше и за тоа како најчесто се оценуваат жените како неа.

„Зошто јас сум распуштеница, а разведен маж не е распуштенко туку зрел човек со две деца?“, прашала водителката.

„И сите сакаат да ги гледаат во паркот како си играат со своите деца, прекрасна слика. Не е само таа тема, што е тоа ‘второротка’? Има момци кои се генијални родители, тоа можам да го кажам за мојот сопруг. Тој е толку посветен татко, иако не можам да кажам дека сите се добри по два часа, но зошто тие го немаат тој гаден и грд епитет. А од друга страна, кога велиш швалер, некако е убаво, но швалерка е тоа веќе не е“, изјавила неодамна Анѓелка за радио „С1“.

Инаку, актерката е во среќен брак со вториот сопург Марко, со кој ја добија ќерката Чарна. Анѓелка сега го носи презимето на Марко. Тие се венчаа на 8 септември 2023 година, а интимната церемонија беше организирана во најголема тајност, што беше желба на младенците, за сè да помине од очите на јавноста и медиумите.

ВИДЕО | Ја шокираше публиката: Сопругот на Анѓелка Прпиќ се качи на сцената и сочно ја бакна во уста

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот