Номагас

НОМАГАС ја зголеми капиталната вредност преку преобразба на побарувања

Акционерското друштво НОМАГАС АД Скопје, кое се занимава со извршување енергетска дејност и пренос на природен гас, а е во сопственост на државата, денес соопшти дека ја зголемило својата капитална вредност преку преобразба на побарувањата на Република Северна Македонија кон странски доверители во траен влог.

Според НОМАГАС, ова е значаен чекор реализиран по нивна иницијатива и со поддршка од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Ова ја зацврстува основата за понатамошен развој на гасната инфраструктура и ја засилува улогата на друштвото во рамките на европскиот енергетски коридор Север-Југ.

НОМАГАС нагласува дека со усвојувањето на Законот за претворање на побарувањата на државата кон странски кредитори во постојан влог во друштвото се зголемува ефикасноста и финансиската стабилност на компанијата. Оваа мерка е воведена во клучен период, веднаш по успешното стартување на работите на Интерконективниот гасовод со Република Грција, кој е од стратешко значење за регионалнат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот