Еди Рама на изборниот ден/Фото: EPA-EFE/STRINGER

Низа нерегуларности на изборите во Албанија, СПАК поведе постапки

Специјалното јавно обвинителство на Албанија (СПАК) направи преглед на изборните кривични дела во земјата за време на парламентарните избори на 11 мај.

СПАК информира дека се обработени 156 материјали, вклучувајќи и 39 регистрирани кривични постапки.

Од регистрираните кривични постапки, 21 се поведени врз основа на упатувања од државната полиција. Еден упатила Службата за внатрешна контрола во затворите, а 8 беа лансирани главно од СПАК.

Врз основа на пријави на граѓани, формирани се три предмети, а три биле упатени од Канцелариите на окружните обвинителства и уште три се засновани на извештаи од политички субјекти.

Во текот на изборниот ден албанските медиуми објавија низа нерегуларности: фотографирање гласачко ливче и објава на социјалните мрежи, закани врз политички кандидати, физички напади врз членови на избирачки комисии, изборна корупција и обиди за купување на гласови, па дури и пукање на избирачките места.

Официјалните резултати ќе бидат објавени до вторник, изјави шефот на изборната комисија, Илирџан Челибаси.

Централната изборна комисија во меѓувреме ги објави дека се избројани 1.660 пликови од вкупно 194.889 примени од дијаспората во контекст на парламентарните избори во 2025 година.

Прелиминарните резултати покажуваат тесна трка меѓу двете главни политички сили, при што коалицијата на Демократската партија – Алијанса за Голема Албанија (ДП-АШМ) води со мала разлика пред Социјалистичката партија на Албанија (СП) на Еди Рама.

Со преброени 1.819 гласачки кутии од вкупно 5.225, според ЦИК, Социјалистичката партија успеа да добие 52 проценти од гласовите, односно 83 мандати од 140 во албанскиот парламент.

Демократската партија на Сали Бериша е на второто место, со 34,27% од гласовите. Во исто време, тој нагласи дека опозицијата нема да ги признае резултатите засновани на непроверени извори и ги повика граѓаните да останат будни за да го заштитат демократскиот процес.

Според прогнозите, иако Рама има нешто над 50%, можеби ќе му треба помош од помалите партии за да го одржи парламентарното мнозинство, објави Ројтерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот