Ниту Нејмар, ниту Депај: Познато кој ја платил кауцијата за Алвеш
Дани Алвеш по една година излезе од притвор и ќе биде на слобода до одлуката за затворската казна, а излезе со платена кауција од еден милион евра.
Препорачано
Бразилецот беше осуден на четири ипол години поради силување во ноќен клуб во Барселона. Сметките на Алвеш беа блокирани, па не беше познато кој ја платил кауцијата за да излезе од затворот.
Прво се шпекулираше дека тоа го направил таткото на Нејмар, а откако излезе демант се појавија информации дека во прашање бил Мемфис Депај. Но, денеска „Мундо Депортиво“ пренесува ексклузивни информации дека медиумска куќа го направила тоа со цел да добие ексклузивни права на интервју со Алвеш.
Не се открива името, меѓутоа се потенцира дека во прашање е добро позната медиумска куќа од оваа земја. Интервјуто наводно е веќе направено и наскоро би требало да излезе.
Ќе потсетиме, Алвеш не смее да ја напушти Шпанија бидејќи му се одземени двата пасоши, бразилскиот и шпанскиот. Во Шпанија ќе може да биде на слобода, меѓутоа секоја недела ќе се пријавува во судот.


