Нина Дуковска ни препорачува: Израдувајте ги најблиските со здрав, вкусен и посен оброк, фалафел – специјалитет од Блискиот Исток!

„Се верува дека овие „ќофтиња“ потекнуваат од Египет и почнале да се користат како замена за месо за време на долгите периоди на пост. Во последните неколку години, фалафелот е главно јадење и на менито на вегетаријанците и веганите, поради едноставниот, но исклучително вкусен спој на наут, зеленчуци и зачини кои се извор на протеини и солидна замена за месото.“

Фалафелот е навистина едноставен за правење дома со само неколку состојки. Пред да почнете со готвење, потребно е леблебијата да ја оставите да отстои во вода најмалку 4 часа (или во фрижидер преку ноќ). Овој чекор е важен, бидејќи потоа фалафелот е многу полесен за правење и печење.

Потребни состојки:

  • маслиново масло (околу 50 милилитри)
  • 200 грама органски наут
  • 1 мал кромид, ситно исецкан
  • ½ шоља магдонос, ситно исецкан
  • ½ шоља коријандер, ситно исецкан
  • 4 чешниња лук, исецкани
  • 1 кафена лажичка сол
  • ½ кафена лажичка бибер
  • ½ кафена лажичка куркума
  • ½ кафена лажичка кари зачин

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 190°C. Земете една голема тава во која ќе го истурите маслиновото масло.

Во блендер ставете ги сите горенаведени состојки и додадете една супена лажица маслиново масло.

Блендирајте околу 1 минута, или додека смесата не стане хомогена.

Користејќи ги рацете, формирајте ја смесата во форма на ќофтиња и наредете ги во тавата.

Тавата нека биде покриена со хартија за печење. Печете ги околу 10-15 минути на 190°.

Комбинирајте ги со други јадења по желба, одлично одговараат со свежа салата.

НА ЗДРАВЈЕ!


За повеќе вакви рецепти, заследете ја ОВАА ФЕЈСБУК ГРУПА и ОВОЈ ИНСТАГРАМ ПРОФИЛ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот