Николовски: Земјоделците ги чекаат субвенциите, но не можат да ги добијат поради блокадите на опозицијата

Љупчо Николовски
Љупчо Николовски / Утрински брифинг

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанствo, Љупчо Николовски, вечерва во гостувањето на ТВ Шења рече дека не се разумни блокадите на опозицијата на Собранието, посочувајќи дека земјоделците ги чекаат парите за субвенции кои ги има во буџетот, но не може да ги добијат поради ситуцијата.

„Граѓаните се уморни од дневнополитички прекопувања, блокади, судири токму на нерационални теми без разум. И затоа велам: не знам кај е разумот земјоделецот денеска ги чека субвенциите, тутунарите, сточарите и земјоделците ги чекаат субвенциите и парите кои што ги има во буџетот и за коишто решенијата се готови и платежната агенција не може да ги исплати, поради оваа промена во Собранието“, вели тој.

Николовски изрази надеж дека опозицијата ќе има разум и разбирање за потребите на земјоделците.

„Во земјоделието нема политики, особено оваа година не може да има заради тоа што ние имаме квалитетни законски решенија од кои што зависи исплатата на субвенции, 100% зелена нафта, 40% поддршка на младите фармери, многу нови мерки развојни политики кои што ги оформивме и се во Собранието, јас се обидов, јас разговарав со претседателот на собраниската комисија за земјоделие со сите членови, без во Собранието на повеќе седници во повеќе наврати, испратив писмо првенствоно до пратениците, писмото е од пред два месеци, пред два месеци се обратив како министер без да го објавуваме јавност… се надевав дека ќе има разум и разбирање за потребите на земјоделците…“, кажа тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот