Николоски: Поднесовме иницијатива за гласање доверба на Владата

Александар Николоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Фото: Принтскрин Фејсбук

Потпретседателот на ВМРО -ДПМНЕ и пратеник Александар Николоски денеска објави дека заедно со пратениците на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Беса и Левица поднесуваат иницијатива за гласање доверба на Владата. Според него, оваа иницијатва ја потпишале 61 пратеник и нивните очекувања се дека претседателот на Собранието во соодветниот рок ќе закаже седница односно најдоцна до четврток.

Николоски, кој цитираше дел од иницијативата, искажа уверување дека очекува недовербата на владата да биде изгласа со 61 и повеќе пратеници, и покрај ставот на пратеникот Скендер Реџепи од Алетрнатива.

– Високо ја цениме работата на Реџепи и мислам дека неговата изјава е јасна, тој ќе ја поддржи иницијативата. Прво да падне Владата на СДСМ и на ДУИ, а за формирање на нова влада или за брзи предвремени избори ќе разговараме по четврток, рече Николоски.

Според него, откако ќе падне Владата, ако се вклопат интересите на партиите потписници на новото мнозинство ќе се разговара за нова политичка влада или за можноста за брзи предвремени парламентарни избори.

Што пишува во иницијативата за гласање доверба на Влада?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот