Никола Јокиќ повторно во трката за МВП наградата
Најдобриот кошаркар на планетата, Никола Јокиќ, повторно е во трка за наградата за МВП, која се доделува на највредниот играч во лигашкиот дел од НБА лигата.
Препорачано
Најсилната кошаркарска лига во светот одреди кои тројца кошаркари се во трка за наградата, а имаше место и за Србинот кој веќе три пати ја освои оваа престижна награда.
Најтесниот круг кандидати за наградата за МВП го сочинуваат Шеј Гилџес-Александер, Никола Јокиќ и Виктор Вембањама, што значи дека трофејот нема повторно да го освои американски кошаркар, осми пат по ред.
Словенецот Лука Дончиќ, кој ги брани боите на на Лос Анџелес лејкерс, не се најде во трката за престижната награда. Иако ја одигра најдобрата сезона во својата кариера, тоа не беше доволно за да биде меѓу тројцата најсериозни кандидати за признанието.
Јокиќ, центарот на Денвер нагетс, беше номиниран за новата награда поради неговите одлични игри и уште една сезона во која имаше трипл-дабл просек. Беше импресивен, го водеше својот тим секогаш кога беше на теренот, па дури ни повредата не успеа да го наруши неговиот ритам, па тимот од Колорадо го обезбеди третото место на Западот пред почетокот на плејофот.
The 2025-26 Finalists for Kia NBA Most Valuable Player.
Shai Gilgeous-Alexander
Nikola Jokić
Victor Wembanyama pic.twitter.com/Gy5UcInp6h— NBA (@NBA) April 19, 2026


