Никол Кидман ја откри на Инстаграм својата природна црвена коса 

Ѕвездата постираше на социјалните мрежи носталгична слика од раните 2000-ти, преземена од фотосесија реализирана за Вог Австралија.

Главен протагонст на фотографијата е нејзината огнена коса, која можевме да ја видиме и во филмот „Мулен Руж“.

И покрај тоа што е во целосна фаза на русокоса, за промоција на нејзиниот филм „Бомбсвел“, Никол Кидман не го заборава минатото и не ги негира првите години од нејзината кариера. Всушност, токму на почетокот на кариерата таа се истакнуваше меѓу другите актерки благодарение на црвената и кадрава коса која ветуваше страст и жесток темперамент. Австралиската актерка објави фотографија од тој период на Инстаграм.

Објавувањето на ваква фотографија на Инстаграм е јасен сигнал: Никол Кидман се враќа на  природната коса. И изгледот во новата серија која ќе се емитува од мај на HBO, насловена „The Undoing“, ѝ е со долга и кадрава коса со бакарни нијанси, односно многу блиску до природната црвена нијанса.

И покрај бројните промени во изгледот со кои експериментирала со сите нијанси на руса и црвена коса, Никол Кидман е експерт за грижа на својата коса. Нејзиното тајно оружје? Глумицата изјавила дека не може да живее без маслото за нега на „Филип Б.“, детоксичен серум што го храни коренот и ја прави косата посјајна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот