Никол Кидман и Кит Урбан повторно во улога на родители: Конечно им се исполни желбата! (ФОТО)

профимедиа

Според пишувањето на магазинот „Globe“, Никол Кидман и Кит Урбан ќе посвојат момче.

По неколку обиди да добијат уште едно биолошко дете со вонтелесно оплодување, актерката Никол Кидман и нејзиниот сопруг Кит Урбан се одлучија да посвојат момче.

Холивудската актерка Никол Кидман и нејзиниот сопруг, музичарот Кит Урбан веќе долго време се обидуваат да го прошират семејството. Иако веќе имаат две деца, Сандеј Роуз (11) и Фејт Маргарет (9), нивната желба повторно да се остварат во улога на родителот не престанала.

Според пишувањето на магазинот „Globe“ по низата разочарувања и обиди за вонтелесно оплодување, сопружниците сметаат дека дошло време за новиот член на семејството. Тие ќе посвојат дете и тоа момче.

профимедиа

– Никол беше со скршено срце откако со години не успеа да забремени по пат на вештачко оплодување. Кит предложи да посвојат дете. Таа беше „надвор од себе“ од среќа. Секогаш сметаше дека посвојувањето е прекрасен начин на креирање и проширување на семејството, а има толку деца на кои им е потребен дом – изјави за споменатиот магазин извор близок на сопружниците и откри како парот бара момче на возраст до три години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот