Никој не ги склопува Лего коцките, најниска побарувачка во последните 15 години
Компанијата „Лего“ забележа пад на годишниот профит бидејќи се соочува со најтешката ситуација на пазарот на играчки во последните повеќе од 15 години. Во соопштението, данската групација предупреди дека нејзината конечна добивка ќе остане под притисок и во 2024 година.
Препорачано
„Лего“ забележа пад на оперативната добивка за пет отсто, на 9,47 милијарди евра, објави медиумската агенција ПА, пренесува “СЕЕ.биз.еу“. Нето годишниот профит, исто така, падна за пет отсто на 1,75 милијарди евра, иако групата забележа седум отсто раст во последните шест месеци покривајќи ја божиќната сезона. Во текот на 2023 година, продажбата се зголеми за два отсто до вредност од 8,89 милијарди евра.
Од Лего најавија дека следната година очекуваат едноцифрен раст на продажбата и малку подобри услови на пазарот на играчки, но додаваат дека нето добивката повторно „благ“ ќе се намали бидејќи компанијата ќе продолжи да ги зголемува трошоците поради стратешките инвестиции.


