„Nightmare Alley“ – Гиљермо дел Торо за првпат со филм без натприродни елементи
Долгоочекуваниот нео-ноар психолошки трилер „Nightmare Alley“ претставува адаптација на истоимениот роман на Вилијам Линдзи Грешам од 1941 година.
По големиот постигнат успех и освоениот Оскар за најдобар филм со „The Shape Of Water“ во 2018 година, режисерот Гиљермо дел Торо се враќа со нов долгометражен филм, долгоочекуваниот нео-ноар психолошки трилер „Nightmare Alley“.
Партитурата за музиката на „Nightmare Alley“ заминува во рацете на Нејтан Џонсон (композиторот на музиката на „Knives Out“), откако претходниот соработник на дел Торо, Александре Десплат („The Shape Of Water“), се откажа од проектот поради несогласувања во распоредот.
Престижната актерска екипа вклучува маркантни имиња, како Тони Колет, Вилем Дефо, Ричард Џенкинс, Руни Мара, Рон Перлман, Дејвид Страјтерн, како и Мери Стинбурген и Тим Блејк Нелсон, меѓу другите.
Измами и магии
Со кои теми се бави приказната на „Nightmare Alley“? Официјалниот синоспсис вели:
Кога харизматичниот, но несреќен Стентон Карлајл (Бредли Купер) ќе се зближи на видовитата Зина (Тони Колет) и нејзиниот сопруг, поранешниот магионичар Пит (Дејвид Стратхерн) на патувачкиот карневал, тој го креира својот златен билет кон успехот користејќи го новостекнатото знаење, за да ја измами богатата елита од њујоршкото општество од 1940-тите.
Заедно со виртуозната Моли (Руни Мара), која лојално стои покрај него, Стентон подготвува план да го измами опасниот тајкун (Ричард Џенкинс) со помош на мистериозната психијатарка Лилит Ритер (Кејт Бланшет), која можеби е неговиот најстрашен противник досега.
Филмот е адаптација на истоимен роман
Во интервју за Collider, Дел Торо истакна дека филмот претставува адаптација на истоимениот роман на Вилијам Линдзи Грешам од 1941 година, а не на филмот од 1947 година, додека пак автори на сценариото Дел Торо и Ким Морган.
– Книгата ми ја подари Рон Перлман во 1992 година пред да го видам филмот на Тајрон Пауер, и ми се допадна. Адаптацијата што ја направивме со Ким Морган не е адаптација на целата книга, тоа е невозможно. Станува збор за сага. – Вели дел Торо, истакнувајќи дека одредени делови во книгата се далеку помрачни за разлика од филмот каде нема да бидат вклучени натприродните елементи.
За прв пат во режисерската кариера на Гиљермо Дел Торо, тој се одлучува да се откаже од натприродниот елемент. Со овој филм режисерот навлегува во жанрот со кој отсекогаш сакал да се занимава, а тоа е ноар.
„Nightmare Alley“ во продукција на TSG Entertainment и Double Dare You Productions, а премиерата е закажана за 17 декември годинава.