Незири: Одложувањето во ЕП е победа за нас, го вративме проблемот на европската агенда
Политичкиот аналитичар Џелал Незири во гостување на ТВ „24“ рече дека одлагањето на гласањето на предлог-извештајот во Европскиот парламент за земјава е „победа за македонската дипломатија“ затоа што на таков начин проблемот со Бугарија е „вратен на европската агенда“. Но, според Незири, времето работи за Бугарија, а не за Македонија.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Ако се оценуваат во еден таков жаргон, мислам дека е победа за дипломатијата на Македонија од причина што успеа проблемот со Бугарија да го врати на европската агенда и да избоксува изјави од високи претставници на ЕУ со кои се наложуваат нови преговори со Бугарија. Досега немало дебата кај нив од причина што на Бугарија ѝ одговараше една ваква ситуација, каде топката е на македонска страна. Македонија е надвор од процесот и цел процес се блокира во интерес на Бугарија. Блокирањето на процесот е во интерес на Бугарија бидејќи не спомнуваат колку пасоши имаат земено нашите граѓани кај нив. Времето не работи за Македонија, работи за Бугарија и затоа мислам дека е победа. Вајц е голем пријател на државата и еден вид лобист на Европскиот парламент. Австриец е но живее на граница со Словенија и ги познава добро состојбите тука“, рече Незири.


