Група „Загушљиви дим“

Независната музичка издавачка куќа „Мртов коњ“ организира концерт на два прогресивни бенда во „Котур“

Во кафе-кино „Котур“ на 10 февруари (вторник), ќе настапи хрватскиот бенд „Загушљиви дим“, кои ќе бидат придружени од македонскиот импровизаторски состав „Импрув“ (Improof).

Групата „Загушљиви дим“ е power-трио од Чаковец, Хрватска, која звучи како најдоброто од пост-рокот, психоделијата и прогресивниот рок измешано во еден инструментален котел. Тие ги опишуваат своите концерти како „мантрични музички патувања кои целат да го истражат чудесното, морничавото, непознатото и она што навидум ни изгледа познато“. Тие со години одржуваат концерти низ Балканот, меѓу кои и со македонскиот состав „Луфтанза“ во Загреб минатата година.

Тие ќе бидат придружени од „Improof“, кој е импровизаторската страна на македонскиот алхемичарски состав „Алембик“. Нивните интерактивни настапи вклучуваат извлекување карти од шпилот „Oblique Strategies“ на Брајан Ино, на кои пишува едноставни музички упатства. Потоа, бендот конструира музички парчиња во самиот момент според извлечената насока, дозволувајќи ѝ на публиката да биде активен учесник во музиката која ја слушаат.

Концертот ќе почне во 21 часот и влезницата чини 300 денари.

Концертот е организиран од независната музичка издавачка куќа „Мртов коњ“, која е двигател на независната музичка сцена во Македонија, организирајќи турнеи и дистрибуирање на изданија на бендови како „Корка“, „Луфтанза“, „Кем“, „Големата вода“, „Алембик“ и многу други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот