Незабележливи, а можат да бидат знак за тревога: Три скриени симптоми на дијабетесот

дијабетес
Фото: Profimedia

Скриените“ симптоми на висок шеќер кои многумина ги игнорираат се главната причина поради која оваа болест е толку присутна меѓу луѓето.

Симптомите на зголемено ниво на шеќер во крвта долго остануваат незабележани, што го зголемува ризикот од развој на срцеви проблеми или оштетување на нервите.

Како што е објаснето тоа во „Vein Clinic UNC Health Care“, најчестите симптоми се необични трнења во различни делови на телото. До оваа состојба доаѓа така што хипергликемијата ги оштетува нервните завршетоци.

Уште еден знак за оваа болест е чешање на кожата и долгиот период на исчезнување на модринките.

Дијабетесот има многу различни симптоми, а некои од нив се прилично нејасни. Ако ги забележите, обидете се што повеќе да јадете храна со ниска содржина на јаглехидрати, многу протеини и лиснат зеленчук. Избегнувајте слатки пијалаци и пијте најмалку по два литри вода дневно. Можно е за неколку денови сите тие знаци да исчезнат, советуваат ендокринолозите.

Експертите објасниле и дека понекогаш горенаведените симптоми не се поврзани со дијабетесот, туку можат да бидат присутни како последица на прекумерно внесување на јаглехидрати со кои телото не може да се справи.

На пример, пецкањето може да биде предизвикано од лошата циркулација на крвта, а чешањето може да биде последица на алергии и екгзема.

Меѓутоа, ако барем два од наведените симптоми се појават истовремено, препорака е да се обратите кај лекар. Ако не се лекува, дијабетесот го зголемува ризикот од срцеви заболувања или мозочен удар, како и проблеми со бубрезите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот