Невработеноста во САД порасна за нови 1,54 милиони лица

Од почетокот на пандемијата до сега бројот на невработени, баратели на државна помош се искачи на 44 милиони лица.

Министерството за труд, посочува дека и натаму забавува темпото на губење работни места во САД иако само за една недела бројот на невработени кои се пријавиле за државна помош се искачил за нови 1,54 милиони работници.

Минатата недела извештајот покажа дека околу 1,9 милиона лица се пријавиле за невработени, што е големо намалување од неодамнешните шест милиони. Најновите бројки доведоа до вкупна бројка од околу 44 милиони барања, откако пандемијата на коронавирусот од март почна да предизвикува големи застои во делови од американската економија.

Новите податоци ја покажуваат постојаната невработеност, бидејќи пријавувањата и одјавувањата го изместија пазарот на трудот.

Американските Федерални резерви вчера предвидеа дека во 2020 година просечната невработеност ќе изнесува 9,3 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот