Невработеноста во еврозоната се зголеми на 6,2 проценти

Сезонски прилагодената стапка на невработеност во еврозоната се зголеми во февруари од историскиот минимум во јануари од 6,1 процент на 6,2 проценти, објави денес Евростат. Бројот на невработени во еврозоната се зголеми за 93.000 во споредба со јануари, на вкупно 10,91 милиони луѓе. Невработеноста кај младите под 25 години остана стабилна на 14,9 проценти во еврозоната, или околу 2,25 милиони луѓе. Стапката на невработеност кај жените во еврозоната е 6,4 проценти, а стапката на невработеност кај мажите е шест проценти, објавува Танјуг.

Меѓу најголемите економии во еврозоната, најниски стапки на невработеност се регистрирани во Германија од 4 проценти и Холандија од 4,1 процент, додека највисоки вредности се регистрирани во Шпанија од 9,8 проценти, Франција од 7,8 проценти и Италија од 5,3 проценти. На ниво на целата Европска Унија, стапката на невработеност остана непроменета на 5,9 проценти во февруари, според веб-страницата на Евростат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот