Неверојатна случајност, Торонто „виновен“ за прекинот во НБА лигата!? (ФОТО)

Торонто има клубови во професионалните лиги во три од четири големи американски спортови – Репторси во кошаркарска НБА, Мепл Лифс во хокеарската НХЛ и Блу Џејс во бејзбол лигата.

Откако поради пандемијата на коронавирусот е прекината НБА сезона, на Твитер е објавен еден интересен податок.

Торонто има клубови во професионалните лиги во три од четири големи американски спортови – Репторси во кошаркарска НБА, Мепл Лифс во хокеарската НХЛ и Блу Џејс во бејзбол лигата.

Репторси лани ја освоија шампионската титула, а откако тоа во минатото беше направено и во хокејот и во бејзболот, наредната сезона беше прекината, баш како сега.

Во 1918 година Торонто го освои својот прв Стенли куп, а наредната 2019 играа Монтреал Канадиенс и Сиетл Метрополитанс, но после петтиот меч, финалната серија беше откажана поради епидемија на грип.

Не беше прогласен нов шампион, па клубот од Торонто формално ја бранеше титулата две години по ред.

Торонто Блу Џејс во 1993 година го освоија првиот и единствен трофеј во „Светската лига“. Наредната 1994 година сезоната се одвиваше нормално до 11 август кога играчите стапија во штрајк поради лошата финансиска ситуација во бејзболот, беше предложено ограничување на платите.

Таа 1994 година заврши без шампион, па клуб од Торонот повторно бранеше своја прва титула две години по ред.

И на крајот во ланската 2019 година Торонто Репторс предводени од Кавај Ленард стигнаа до НБА шампионскиот прстен.

Сега во 2020 повторно гледаме сезона во која клуб од Торонто брани титула, моментно прекината поради коронавирусот.

Постојат шансите сезонава да продолжи, во овој момент на Источната конференција Репторси се второпласирани. Дали годинава ќе се дозволи и на кошаркарска екипа да го брани трофејот две години по ред?

Да додадеме уште дека кошаркарите на Торонто Репторс според информациите се негативни на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот