„Нетфликс“ почна да го купува Холивуд
Стриминг-гигантот „Нетфликс“ја ангажирал инвестициската банка „Моелис“ да ја испита можноста за понуда за преземање на „Ворнер Брос Дискавери“, дознава „Ројтерс“ од три извори запознаени со плановите на компанијата.
Препорачано
Според изворите, „Нетфликс“ веќе добил пристап до таканаречената соба за податоци, базата на податоци со финансиски податоци потребни за подготовка на понудата, што укажува на сериозна фаза на разгледување на аквизицијата.
Ниту „Нетфликс“ ниту „Ворнер Брос. Дискавери“ не сакаа да коментираат за овие извештаи.
Преземањето би му дало на Нетфликс сопственост врз една од најзначајните холивудски продукции, вклучувајќи ги франшизите „Хари Потер“ и „Ди-Си Комикс“. Телевизиското студио „Ворнер Брос“ веќе продуцира голем број хит серии на Нетфликс, како што се „Ти“, „Слугинка“ и „Рунинг Поинт“. Покрај тоа, интеграцијата на HBO и неговата стриминг услуга би можела значително да ја зајакне понудата на Нетфликс на престижни драми и да привлече нови претплатници.
Извршниот директор на „Нетфликс“, Тед Сарандос, минатата недела изјави дека компанијата е „повеќе градител отколку купувач“, но дека повремено разгледува аквизиции што би можеле да ја зајакнат нејзината пазарна позиција. Во исто време, Сарандос нагласи дека „Нетфликс“ не е заинтересиран за традиционалните ТВ мрежи.


