Несторовски дебитираше за Удинезе, помогна за гол против Дортмунд (ВИДЕО) – Слободен печат
СпортФудбал

Несторовски дебитираше за Удинезе, помогна за гол против Дортмунд (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски денеска го имаше првиот натпревар за својот нов клуб Удинезе во рамките од летните подготовки.

Несторовски кој ќе го носи бројот 30 на дресот настапи од 72 минута како замена за Пусето и дефинитивно не разочара и покажа зошто би имал клучна улога кај тренерот Тудор.

На денешниот контролен дуел Удинезе убедливо беше поразен од Борусија Дортмунд со резултат 4:1. Главниот судија нешто порано поради силниот дожд кој го направи теренот во Австрија многу тежок за сите играчи.

„Милионерите“ се покажаа како пресилни за калчолигашот, се беше решено уште во првото полувреме. Стрелаа Т. Азар во шестата минута, Геце од пенал во 19 минута, Вајгл во 28 минута, а непосредно пред паузата во листата на стрелците се запиша и Бранд.

При негатива од 4:0, во 72 минута во игра влезе нашиот играч Несторовски, ја искористи минутажа и непосредно пред шеснаесетникот на Германците беше фаулиран.

Ваквата убава шанса беше искористена од страна на Мандрагора кој со еден прекрасен слободен удар го матираше голманот Бурки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close