Нестле ќе ги разгледа односите со банките по колапсот на Кредит Суис
Швајцарскиот прехранбен гигант Нестле ќе ги преиспита своите односи со банките по преземањето на Кредит Свис од страна на УБС, изјави денеска главниот извршен директор Марк Шнајдер. Нестле беше клиент на Кредит Суис, изјави шефот на најголемата светска групација за храна, пренесува Хина.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Работевме со Кредит Суис со децении, тесно и со доверба“, рече Шнајдер, „и сега треба да видиме како да го реорганизираме нашиот однос со банките, и швајцарските и меѓународните“. Интервенцијата на швајцарската влада, централната банка и регулаторот на финансискиот пазар при преземањето на Кредит Суис од страна на УБС ја стабилизираше ситуацијата и ја врати довербата, нагласи првиот човек на Нестле.
Осврнувајќи се на бизнисот, тој истакна дека добро ја започнале годината, додавајќи дека со продолжување на поскапувањето веројатно ќе го неутрализираат поскапувањето на суровините. Нестле лани ги покачи цените за 8,2 отсто, но тоа не ги неутрализира целосно повисоките влезни трошоци.


