Несекојдневна ситуација во Австрија: Полицијата го прогласила за мртов погрешниот близнак

Австриска полиција/Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Австриската полиција направила сериозна грешка кога по тешка сообраќајна несреќа го прогласи за мртов погрешниот брат близнак.

„Рем е сè уште жив“, се зборовите што ќе одекнат во ушите на австрискиот полицаец кој го повикал семејството на Романецот кој загинал во сообраќајна несреќа, за да ги информира за трагичниот случај, пишува Кронен Цајтунг.

Ништо помалку шокирала не била и сестрата на романските близнаци кога слушнала дека нејзиниот брат близнак е убиен, оној што бил со неа во моментот на повикот.

Имено, полицијата идентификувала погрешен брат близнак како починато лице.

Во неделата рано наутро автомобил удрил во друго возило што се движело по автопатот кон Виена, во близина на Линц. Се претпоставува дека 41-годишниот возач на возилото го видел автомобилот предоцна, со оглед на тоа дека условите на патот биле многу лоши. Видливоста била лоша поради густата магла.

Додека возачот кој ја предизвикал несреќата поминал релативно без последици, другиот возач бил целосно згмечен во неговиот автомобил.

Австриската полиција го известила семејството на Романецот (55) кој живее во Купферцел, Германија, оддалечен 450 километри од местото на несреќата.

Шокираната сестра од Романија изјавила дека нејзиниот брат Ремус Х е жив, по што било утврдено дека жртвата е неговиот брат близнак Ромул Х., кој го позајмил автомобилот на неговиот брат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот