Вакцинација/ Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Неподвижни лица ќе може да се вакцинираат против грип дома

Министерството за здравство информира дека за вакцинација против сезонски грип се пријавени околу 60 илјади граѓани, а досега се вакцинирани над 8 илјади лица.

Вакцинацијата се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ државата, од кои пет се во Скопје. Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават преку апликацијата vakcinacija.mk или преку матичниот лекар.

Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население, како што се: повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лицата сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во овие установи.

Во организација на Министерството, превентивни тимови од здравствени установи низ државата започнаа со вакцинација против сезонски грип и во домашни услови, на повозрасни и неподвижни лица, како и лица со попреченост.

Во прилог табела со контакт-телефони за закажување сезонска вакцинација против грип во домашни услови.

Здравствен дом Берово 078-447-603
Здравствен дом Битола 072-272-186
Здравствен дом Македонски Брод 075-443-285
Здравствен дом Валандово 034/382-017
Здравствен дом Вевчани 078-436-932
Здравствен дом Виница 033/361-311
Општа болница со проширена дејност Гевгелија 071-966-999
Здравствен дом Гостивар 070-357-933
Општа болница со проширена дејност Дебар 078-243-814
Здравствен дом Делчево 075-317-114
Здравствен дом Демир Хисар 078-272-395 047/276-211
Општа болница со проширена дејност Кавадарци 078-314-840
Здравствен дом Кичево 045/228-825
Општа болница со проширена дејност Кочани 076-395-609
Здравствен дом Кратово 078-364-567
Здравствен дом Крушево 078-315-487
Здравствен дом Куманово 075-239-134
Здравствен дом Липково 070-209-956
Здравствен дом Крива Паланка 031/372-616
Здравствен дом Неготино 072-270-403 072-270-402
Здравствен дом Охрид 070-366-560
Општа болница со проширена дејност Прилеп 075-353-801
Здравствен дом Пробиштип 075-387-951
Здравствен дом Пехчево 070-372-391
Здравствен дом Радовиш 078-319-145
Здравствен дом Ростуше 070-229-916
Здравствен дом Ресен 071-225-282
Здравствен дом Свети Николе 075-272-841
Здравствен дом Скопје

Поликлиника Ченто – 02/25 22 351

Поликлиника Букурешт – 02/30 63 245

Поликлиника Јане Сандански – 02/24 63 277

Поликлиника Чаир – 02/26 11 506
Здравствен дом Струга 071-272-595
Здравствен дом Струмица 076-290-160
Здравствен дом Тетово 075-207-634
Здравствен дом Штип 078-537-005
Здравствен дом Велес 075-261-286 076-427-069

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот