Фото: ТВ Алфа / Фејсбук / скриншот

Неофицијално, запленети се неверојатни 40 тони марихуана – МВР и ОЈО ГОКК и натаму молчат

Изминаа два дена од почетокот на големата истрага на органите поврзана со нелегално производство и трговија со марихуана под превезот на медицински цели, а полицијата и обвинителството за гонење организиран криминал официјално не соопштуваат никакви детали за акцијата во која фокусот е на компанијата „Алфафарм“ во Скопје. Косопственикот на фирмата, Иван Драгниќ, е уапсен во Србија како вмешан во шверц на пет тони марихуана, кои беа откриени во фабричка хала во село кај Крушевац.

„Акцијата е се уште во тек и поради тоа не сме во можност да споделиме дополнителни информации. По целосно завршување на акцијата соодветно ќе биде информирана јавноста“, одговараат од МВР на повеќекратните барања на новинарите за повеќе информации поврзани со рекордната заплена.

Како што објави „Телма“ повикувајќи се на извори во истрагата, досега се запленето фрапантно количество од околу 40 тони марихуана, на двете локации во Скопје и во Струмичко. Според изворите на телевизијата, десетина тони се запленети во Скопско, а 30-тина од Струмица. Во изминатото деноноќие, откриени се нови количини кои наводно биле спремни за шверц.

Истите извори информираат дека марихуаната, на начинот на кој е произведена, складирана и чувана, никако не можела да биде за медицински потреби, туку само за продажба на улица.

Истрагата која ја води Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) треба да даде одговор кој се бил вмешан во шверцот од големи размери.

Апасиев откри како би ги „решил“ фабриките за медицински канабис

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот