Необичен проблем за Трудо: Канада пред нови избори, премиерот нема сериозен противник

Џастин Трудо/ Архива на СП

Канадскиот премиер Џастин Трудо се соочува со необичен предизвик, додека се спрема да ги распише предвремените избори, бидејќи без сериозен политички противник, гласовите на Трудо би можеле да се расипат, што би значело формирање на малцинска влада. 

Секојдневно се очекува Трудо да ги распише септемвриските избори и при тоа да се користат аргументите за подобрувањето на економијата и јакнењето на вакцинирањето, пробувајќи да го освои парламентарното мнозинство кое го изгуби во 2019-та, пренесува Ројтерс. 

Во изминатите две кампањи, либералната партија на Трудо предупредија дека со победа на конзервативците, во Канада ќе се намали потрошувачката и ќе владее несоодветна политика околу прашањето со климатските промени. 

Земајќи во предвид дека анкетите овој пат покажаа дека либералите се далеку пред конзервативците, сличните тактики на заплашување би биле неефикасни, што би можело да значи дека гласачите во сигурната победа на либералната партија би гласале за Новата демократија (НДП) или за Зелените. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот