Ненад Димитријевиќ втор стрелец во триумфот над Москва во ВТБ лигата

Ненад Димитријевиќ („Уникс Казан“)/фото: Ксения Богданова (БК УНИКС)

Кошаркарите на Уникс Казан забележаа нова победа сезонава во ВТБ лигата откако на домашен терен со 87:78 славеа против МБА Москва.

Еден од најзаслужните за триумфот на домаќините беше македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ кој за скоро 20 минути игра на паркетот запиша 16 поени, четири скокови и две асистенции.

Поефикасен од нашиот играч беше само Дмитриј Кулагин со 17 поени, а на спротивната страна Александар Коменко постигна 13 поени.

ЦСКА Москва на нашиот тренер Емил Рајковиќ минимално со 74:72 триумфираше кај Нижни Новгород.

На табелата ЦСКА Москва е на првото место (12-1), додека Уникс Казан е на втората позиција (9-3).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот