Ненад Димитријевиќ со „дабл-дабл“ учинок во дербито против Зенит

фото: instagram.com/unicsbasket

Загубија од ЦСКА Москва, минимално минатата недела, по исто сценарио, драматично, кошаркарите на Уникс Казан го победија Зенит (95:94), во дербито на колото во ВТБ лигата со одлично издание на македонскиот репрезентивец, Ненад Димитријевиќ.

Плејмејкерот на нашиот сениорски национален тим дојде до двоен ефект на овој драматичен меч. Димитријевиќ постигна 11 поени (4/8 за два и 3/4 за еден поен), имаше и десет успешни додавања, плус и два скока за 28:41 минути во игра.

Ова беше и 14 победа за Уникс во сезоната во која имаат и два порази (двата од лидерот ЦСКА на нашиот тренер Емил Рајковиќ).

Деби на Магдевски за Донар со „десетка“ –

Македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски денеска дебитираше за својот нов тим Донар, и тоа во натпревар од регионалната BNXT лига. Екипата од Грониген со (72:69) го совлада Ландштеде Хамерс, клубот каде работи поранешниот македонски селектор Александар Тодоров.

А нашиот репрезентативен бек одигра нешто повеќе од 20 минути. Постигна 10 поени (3/6 за два, 1/4 за три, 1/2 од линијата за слободни фрлања), плус четири асистенции и два скока. Со оваа победа, Донар ја прекина серијата од четири порази и привремено се искачи на 6. позиција на табелата во холандската група од регионалното натпреварување.

Николов стартер во Коња –

Кристијан Николов ги надмина проблемите со повредата и беше стартер во својот тим Коња, во дуелот против финалистот во Еврокупот, Бурсаспорт.

Македонскиот репрезентативец одигра нецела 21. минута и за тој период постигна пет поени (1/2 за три, 2/2 за еден поен), имаше и два скока и три асистенции, во поразот на Коња (87:99), за седмо место на табелата во турското првенство – биланс од четири победи и шест порази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот