Нема кој да ги слушне проблемите на глувите, бараат толкувачи (ФОТО)

Фото: Слободен печат

Глувите граѓани во Македонија се соочуваат со секојдневни проблеми. Има многу што да раскажат, но нема кој да ги слушне, бидејќи немаат толкувачи. Тие денеска на протестот пред Министерството за труд и социјална политика, побараа финансирањето на 18 општински здруженија да биде директно од МТСП, а не од Националниот сојуз за глуви и наглуви, бидејќи регираат дека немаат од нив исплати.

Протести поради 10 неисплатени плати на Здружението на глуви и наглуви лица „Тишина“(ФОТО+ ВИДЕО)

Глув човек од гевгелиското здружение, кој не се претстави пред јавноста, реагираше дека во здружението нема ниту компјутер, ниту пак последните месеци имало исплати. Тој не може да слушне кога неговото бебе плаче. Бара да му обезбедат бебе аларм и толкувач. Но, тврди дека Националниот сојуз не му одговара на неговите барања.

Фото: Слободен печат

– Секогаш тие топката ја префрлаат на Министерството за труд и социјална политика, што не е така. Најавувам штрајк, дека ќе одам преку адвокати, одговорот ми беше „што сакаш прави“. Се закануваат на многу здруженија во Македонија. Претседателот 30 години работи во Италија и одеднаш дојде тука и прави проблеми, често патува за Италија – изјави граѓанин од Гевгелија.

Еден од демонстрантите регираше зашто не добил помош од Националниот сојуз.

– Јас имам пет деца. Немаме средства за материјали потребни за образование. Му пратив порака на претседателот на Националниот сојуз, Томица Стојановски, кој ми врати дека ќе помогне, но не бил тука. Барав прием кај него и не ме примија на состанок – регира човек кој е глув.

Тие тврдат дека протестот требало да биде поброен, но членови од други градови имале притисоци, директно од Националниот сојуз за глуви. Ако протестирале, немало да ги добијат месечните надоместоци од 4.000 денари. Оваа закана ја добивале од врата на врата.

Фото: Слободен печат

– Многу од глувите се плашат. Им одат од врата на врата и од другите градови. Мислам дека тоа не е во ред. Не знам тие како ќе одат во полиција за да пријават дека им се заканувале, бидејќи немаат толкувач, на кого ќе кажат? Во другите градови има проблеми – изјави Васко Марков, член на здружението на глуви и наглуви „Тишина“ од скопската Општина Карпош.

Член од Штип, кој сведочел на притисоците, ги смирувал луѓето.

– Јас им кажав да не се плашат, тоа е додаток кој ни следува на сите, не може Сојузот да го укине. Исто и до здружението во Штип, нема никаков надомест, месечни додатоци. Три месеци нема никакви средства. Јас имам проблем со толкувач. Требаше да правам свадба, како да го решам тоа кога немам толкувач – регира член од штипското здружение.

Тихо Русовски, вработен во здружението „Тишина“, изјави дека не е коректно што треба да чекаат пари, а веќе Министерството ги исплатило до Националниот сојуз.

– Министерството го финансира сојузот, сојузот треба да подели на здруженијата кои што имаат вработени, како на пример технички секретари. Јас сум глуво лице, имам 56 години, ова не е коректно – изјави Русковски.

АКО ПРОТЕСТИРАТЕ НЕМА НАДОМЕСТОК: Националниот сојуз им се заканил на здружението на глуви

Изјавите на членовите на здружението за глуви ги пренесе толкувач. Тие очекуваат Минситерството за труд и социјала да им го исполни барањето, за да имаат редовни исплати. Нова средба е закажана за во вторник, кога покрај членови од здружението „Тишина“ ќе бидат поканети и претставници од Националниот сојуз за глуви.

Фото: Слободен печат

Додека тие притестираа, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, по прес-конференцијата во Владата, рече дека не се надлежни за проблемот, а на здруженијата им порача одговорите да ги бара од Националниот сојуз за глуви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот