АКО ПРОТЕСТИРАТЕ НЕМА НАДОМЕСТОК: Националниот сојуз им се заканил на здружението на глуви

Фото: Слободен печат

Членови на здружението „Тишина” добивале притисоци за да не протестираат пред Министерството за труд и социјална политика.

Притисоците како што тврдат доаѓале од претседателот и секретарката на Националниот сојуз на глуви и наглуви. Реагираат дека им се заканувале, ако протестираат ќе им ги укинат месечните надоместоци.

Фото: Слободен печат

-Моќни сме – ова им го рекол претставник на Националниот сојуз за глуви и наглуви.

Случаите не можат да ги пријават ниту во полиција бидејќи немаат доволно толкувачи. Тие се дојдени од повеќе градови за да го изразат незадоволството. Нивните изјави на протестот беа пренесени од толкувач.

Фото: Слободен печат

Во вторник во Министерството ќе имаат уште една средба на која ќе бидат поканети и претставници на Националниот сојуз. Протестот од пред МТСП продолжи до ЕУ инфо центарот.

Здружението „Тишина” бара од МТСП, исплатите да им се префрлат директно од Министерството, бидејќи од јануари двајца вработени во здружднието немаат земено плата, а очекуваат исплата од Националниот сојуз на глуви и наглуви. Сојузот најави прес конференција за протестот на Здружението на глуви и наглуви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот