Протести поради 10 неисплатени плати на Здружението на глуви и наглуви лица „Тишина“(ФОТО+ ВИДЕО)

Фото: Слободен печат

Здружението за глуви и наглуви „Тишина” од општината Карпош, протестира пред Министерството за труд и социјална политика.

Фото: Слободен печат

Тие со свирчиња и транспаренти пристигнаа пред зградата на МТСП. Преку транспаренти прашуваат зошто е избрижано здружението „Тишина“ од Националниот сојуз на глуви и наглуви.

Тие регираат бидејќи вработените во здружението немаат земено плата од јануари годинава, а парите Министерството им ги префрла на Националниот сојуз за глуви кои треба им ги префрли на Зружението „Тишина“.

Фото: Слободен печат

Преку транспаренти бараат Министерството за туд и социјала, општинските здруженијата за глуви и наглуви, директно да бидат платени од Министерството.

Министерката Мила Царовска по прес-конференцијата во Владата рече дека не може да се меша меѓу Националниот сојуз и Здружението „Тишина“, вели тие треба меѓусебно да се договорат.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот