Нема голф за Бејл во Катар, Велс оди на Мундијал со играчи од трета и четврта лига
Добро позната е љубовта на Герет Бејл кон голфот, поради тоа и често се соочуваше со проблеми додека беше во Реал Мадрид, а во репрезентацијата на Велс сега воведоа интересна забрана за време на Мундијалот.
Препорачано
Покрај Бејл уште неколку фудбалери на Велс често играат голф, меѓутоа тоа нема да може да го прават за време на Светското првенство. Ваквата информација ја потврди селекторот на репрезентацијата на Велс, Роб Пејџ.
„Да, точно е голфот ќе биде забранет. Во минатото Герет, Кифер Мур и Арон Рамзи знаеа да ме прашаат што ќе правиме утре дали ќе имме некакви состанци, а ако немавме им одговарав дека може да одат да играат“, изјави Пејџ.
Репрезентацијата на Велс е посебна на Светското првенство и поради тоа што дури половина од репрезентативците кои добија место на списокот на Пејџ не играат елитен фудбал, дури има фудбалери од третиот и четвртиот ранг во англискиот фудбал.
Адам Дејвис од Шефилд јунајтед, Том Локеј од Лутон, Конор Робертс од Барнли, Бен Кабанго и Џо Ален од Свонси, Рубен Колдвил и Марк Харис од Кардиф и Сорба Томас од Хадерсфилд, доаѓаат од вториот ранг во англискиот фудбал.
Метју Смит и Џо Морел играат фудбал во третиот ранг во Англија, а интересно е што има дури и двајца од четвртата лига, Џон Вилијамс игра во Свиндон, а Крис Гантгер во Вимблдон.


