Касарната „Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово / Фото: АРМ

Некој закачил туѓо знаме на оградата од тетовската касарна и гордо се снимал

Неколку луѓе вчеравечер дошле до оградата од тетовската касарна „Кузман Јосифовски-Питу“ и на неа закачиле знаме на друга држава, информира МВР.

Потоа тие снимале со телефоните како да направиле нешто важно или интересно. Кога реагирал одговорниот од Армијата, „хероите од Али експрес“ си го собрале знамето и заминале. Од полицијата велат дека ги бараат.

„На 16.04.2026 во 23:10 часот во СВР Тетово е пријавено дека пред касарната „Кузман Јосифовски Питу“ во Тетово, повеќе лица закачиле знаме на странска држава на заштитната ограда и снимале со мобилни телефони. По интервенција на одговорното лице од објектот, лицата го отстраниле знамето и заминале. Се работи на расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен.

Холанѓани пред полноќ снимале со дрон кај касарната „Илинден“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот