Некои жени не зборуваат гласно: Тамара со емотивна приказна за мајка ѝ Брана
Тамара Тодевска објави емотивна приказна за својата мајка Брана и рече дека таа ја научила да биде силна.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во пресрет на промоцијата на нејзиниот најнов студиски албум, насловен „Кукла жива“, таа рече дека овој проект ќе донесе исклучително лични, моќни и емотивни приказни. Ова го потврдува и нејзината последна објава на социјалните мрежи, каде што откри дел од петтата композиција, под наслов „Брана“, посветена на нејзината мајка Брана.
Споделувајќи визуелен исечок од албумот, на кој се гледа нејзината тетоважа со зборот „proud“ („горда“), Тамара упати длабоки и трогателни зборови до жената која е нејзиниот најголем животен столб.
„Некои жени не зборуваат гласно. Но цел живот нè учат како да бидеме силни. За сè што ми даде. И за сè што ме научи. Моја ‘Брана’“, напиша пејачката во својата официјална објава на Инстаграм, додавајќи го хаштагот #КуклаЖива.

Како дополнителен силен печат на она што нè очекува во самата песна, на визуелот стојат и моќните стихови:
„Не сум кротка, ниту тивка, во мене пее сè што сум била“.
Во реализацијата на новиот музички проект, Тодевска соработува со врвни музичари, меѓу кои и Џијан Емин и Коста Петров, кои се дел од креативниот тим што го обликува звукот на албумот.
Паралелно со подготовките за новиот материјал, Тамара Тодевска интензивно работи и на големиот концерт, закажан за 3 октомври во Арената „Борис Трајковски“, со кој ќе одбележи 25 години кариера.
На концертот, Тамара ќе настапи со оркестарот на Џијан Емин.


